ПРЕУМУВАЊЕ
Ние сме на тест!
Какви луѓе сме,
Какви сопружници, партнери,
Нели во црква си рековме и “во добро и во зло”? Можеби не во црква, можеби онаму покрај реката, но нели си ветивме? Епа ете злото дојде.А моето и твоето его на испит. Пред Бога!
Ама нели љубовта не е само, всушност не е воопшто тоа,” ај ќе си се шетаме, ќе си се сексаме по скапите хотели, ќе си ручкаме по ресторанчиња, сељфи моља ви се!Ма и видео на Инстаграм! Ти ќе ми купуваш брендчиња, јас ќе ти давам дозата за денес од своето свето место откадешто треба да се роди плод на нечива љубов! Дали сега највеќе спонзорушите корнат коси и трепки🤔? Пардон, надградби???
Јас еве, станав дивоградба со надградба отварајќи го фрижидерот.Мој пријател напишал на фб дека станал полутросед-полачовек.Тоа е втората група.Ѓезмаџии и хедонисти.Кој е првиот човек кој сакаме да го видиме после карантинов?! Дефинитивно- кеНлер!
За волја на вистината е баш сега се “распропешачив”! “Распропешачив”Постои таков збор во македонскиот речник?” Сто години” после работа и после домашните обврски, легнувам во кревет да читам книга.Сега одам да пешачам! И дишам, длабоко и без маска! И Сонце ме фаќа, и витаминод Д ми се активира. С’е ми се активира!
Ах да!Престанав да се шлапам со шминка.На работа одам само со чист образ.Ееееиј! Јас! Која се шминка од седмо одделение.Оние кои ме знаат од средно знаат дека малтене имав маска на себе ! До толку се ќинџурев! Кај смее “центарската шмизла” да не се напудри! Ама ептен бев барок! Кловн, ама барок.Си ги гледам фотките, страшна сум! Да беа во мода и такви фустани најверојатно ќе ги носев!
Тестов е и за тоа какви родители сте!
-На телефонот! Играј игрици.Тато е уморен од работа.Мама прави ручек или е на фризер.Ух не! Мама” брка” кариера, малку “те испушти од раце и малку си се заигра” моќна жена, ама еве ти сто евра купи си фармерки.”Сто евра? Па ќе си купам кокаинче малку да се освежам!”-испуштеното дете. Ќе се накљука и светот е негов! О мајти Ми! Моќен сум!
Ете до скоро не знаев(пак сум заостаната во време на барок, нема везе, застаната било каде)дека сега е во шема да си нашмркан.А му се смеете на Аца Лукас.Ќе дојде време ќе нема да можете ни “линија” да повлечете! Од многу едноставна причина- Ќе бидете мртви! Ама па ќе мора Горе отчет да дадете.И?
Нејсе, од ова ќе се изнедрат многу нешта! Оние кои биле лоши ќе станат тотално демонизирани, а оние кои биле добри уште подобри!
Се соочуваме со нешто кое ни се случува првпат, а се однесуваме како во секоја ситуација која не загрозила.
Мислите дека можеме така без да се промениме од внатре?!
П.с.Ова е клучното прашање!!!)
НАМ НИ СЕ СЛУЧУВА ПРЕОД ВО ДРУГА ЕРА, ПОСЛЕДНИ ВРЕМИЊА, ВОТ ЕВР, КАКО САКАЈТЕ ТОЛКУВАЈТЕ ГО!
КАКО МИСЛИТЕ СЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ НА ПОДОБРО, АКО ВИЕ СИ ТЕРАТЕ ПО СТАРО!??? КОЈ ЌЕ ВИ ГО НАПРАВИ ПОДОБРОТО?
Не знам дали знаете што значи групна вибрација, егрегор….
Овој пат мора да се запне! Што значи тоа? Тоа значи враќање кон Бога! Кон природното!
Ќе напишев кон Љубовта,оти Бог е апсолутна љубов, но љубовта е извикана работа, зарем не?
П.с.Почнете од сега да си купувате нивчиња.И едно козиче или овца, некое прасе.И вратете се во селата.Сакале или не, доаѓа време на “самоодржливост”.
П.п.с.Мамини синови! Кои татковците ве шетаа како статус! Е нема веќе да бидете статус! Ќе треба да се фатите ил за пушка ил за мотика!
Е тоа е статус! Има син војвода!
Имам син вреден! (Вреден значи со вредност!)
Имам син господин! (Оној кој е со Господа!)
Заслужете го тоа во невремињата кои доаѓаат, оти заврши времето на его-трипови!
Лидија Ѓорѓевиќ