Колумни

Лиле Прочкова: Граѓаните ни се лечат преку средства собрани од СМС пораки, а ФЗО одобрува пари за промена на полот

Денот како по обичај ми започна со моето омилено смути, по што следуваше брз преглед низ екранот од мобилниот во потрага по најнови вести

Прво што видов беше уште една успешна донација во Штип. Браво! Браво мој народе! Одсекогаш сум спремна да подадам рака исто како што многумина подале и за мене. Но, неизоставно ми се наметна  прашањето, до кога нашите деца ќе ги лечиме преку донирање од смс пораки? Каде одат нашите пари што цел живот ги уплаќаме за здравствено осигурување? Наместо да се финансира лекување на тешки операциони зафати,  слушам Фондот ќе одобрувал средства за менување пол! Ох бре Боже! Ни срам, ниту морал. Гладот забрзано тропа на нашите врати, секојдневно луѓе се отпуштаат од работа, се повеќе гладни и боси, а надлежните остануваат неми и глуви, спротивно на слоганот на нивните политички шефови кои пред неколку години ни ветуваа дека ,, Доаѓа Живот”. Штрајкува кутриот земјоделец, но неговиот глас не допира до оние кои што се должни да се грижат неговиот труд да биде валоризира. Гласот на народот оддамна не се слуша. Слушам владата ќе дадела милиони за оклопни возила. За што бре? За војна ли се спремате? Со кого ќе војувате? Па нели фамозното НАТО за чие членство ни го сменивте името ќе не бранеше? Со тие пари отворете фабрики, облечете голи, нахранете гладни, излечете болни. Не, вие немате душа, немате срце, а најмалку имате образ. Полициски час од 22 часот до 5 наутро, нарушуван како по правило секоја ноќ во 3 часот по полноќ од звуци од авион. Не поздравуваат, сигурно. Милиони мигранти преминуваат за да стигнат до Европа. Се прашувам дали и нив им треба ковид пасош. Последниот ден од Март ќе ни стигнат и вакцините на Астра Зенека, од кои без малку целиот свет се откажа. Колку и да пишуваме,да повикуваме, да освестуваме, кај некои едноставно тоа е невозможно. Ваше тело, ваш живот, ваше право.  Да си ја вратиме слободата, да си ги вратиме човековите права за да им обезбедиме на идните генерации по светла иднина

Лиле Прочкова

Related posts

Leave a Comment