Колумни

Лиле Прочкова : Македонија ни е се што имаме, да си ја вратиме назад и да си ја сочуваме за идните генерации од кои сме ја позајмиле

Македонијо, Мајко наша! Толку убава, толку топла и богата. Што ти сторија? Крвопијците те распродаваат како парче облека.

Нашите најмили одат во потрага по подобар живот, распрснувајќи се низ целиот свет. Остануваме без младина бидејќи овде не гледаат никаква иднина. Но, ниту осудувам, ниту им се лутам. Трагаат за подобар живот на погрешни места, каде од утро до мрак робуваат, каде секогаш ќе бидат само странци. Тешка е судбата македонска, печалбарска…

Каде и да заминеш, никогаш нема да се чувствуваш како дома. Никаде во светот нема таква топлина во меѓучовечките односи како во нашата родна грутка. Младите ги напуштаат своите домови,најблиските,роднините и пријателите. Жално,затоа што сиромаштијата одамна затропа на вратите од нашите домови. Таму каде што заминуваат не тече “мед” и “млеко”.

Се прашувам дали ќе се случи чудо во оваа наша убава земја? Дали ќе им дојде краотј гнасните политички игри кои не урнисаа во сите сегменти? Дали народот Македонски еднаш ќе се обедини, онака како што доликува,”јуначки”? Дали некој ќе го поведе овој народ кон подобро утре? Дали младите ќе почнат да се враќаат во својата Татковина? Да се надеваме дека ќе дојде тоа подобро утро, дека во полн сјај повторно ќе огрее сонцето Македонско.

Драги Македонци и Македонки низ целиот свет:”На сите вас ви посакувам пред се здравје,мир и љубов. Каде и да сте,во ова време-НЕвреме,чувајте се”. Да се надеваме дека побрзо ќе ни дојдат подобри времиња и дека ќе се вратите во своите родни огништа.

А ние, Македонците кои овде останавме, згазени морално и етички, се надевам дека понижувањата од неразбраните трговци кои ни го продаваат најсветото, ќе не отрезнат и разбудат и конечно ќе застанеме позади вистински лидери изнедрени од народот, кои ќе не поведат во победа против квинслинзите и одРОДите кои 30 години системски не уништуваат.

Надеж гледам во РОДИНА МАКЕДОНИЈА која ја замолувам да остане доследна на програмските цели и заложби, а доколку скршне од патот ќе ја проколнам за навек. Резервна татковина немаме, Македонија ни е се што имаме, да си ја вратиме назад и да си ја сочуваме за идните генерации од кои сме ја позајмиле.

Related posts

Leave a Comment