Ни доаѓа нај светлиот и нај убавиот Христијански Празник. Празник за душа, Христовото раѓање.
Во годината која што измина, над нас беше надвиснато најголемото зло, зло кое сеуште е присутно. Злото кое не затвори дома на сите наши нај убави Христијански Празници. Злото кое ни ги затвори Христијанските Храмови за Велигден, а сега и за Божиќ.
Но, Бог е љубов. Бог не стави пред искушение и на секој ни го одреди kрстот и товарот, кој колку може да понесе на себе. Низ светот завладеа нечовештвото, алчноста за што поголем профит на фармацевтите и на нивните пиончиња. Тие личности сигурно не се плашат од Бог, мислејќи дека тие се алфа и омега и дека уште долго ќе управуваат со светот.
Не, само Бог е алфа и омега, а вам ќе ви дојде крајот. На многумина им внесовте страв и трауми со тој пусти “ковид” и тие проклети вакцини. Ќе дојде денот кога ќе одговарате пред Божјиот суд, каде што нема да ви помогнат ни милионите ни билионите, ниту сето земно богатство кое ви ги помрачи умовите. За се што ни направивте вие “зли” човечиња ќе си одговарате пред Бога. Вие сте само алчни за пари и власт, вие немате ни “Ч” од човечност и чесност. Ние ќе издржиме јуначки и на овие наши Свети Празници, бидејќи после секое зло доаѓа добро, после секој дожд изгрева нај убавото сонце.
Но вие како ќе издржите? Од устите ваши излегува само отров, секојдневно не заплашувате со вакцини, пасош-ковид, патување… Не,благодариме. Ние не сакаме присилни и штетни вакцини, нас не ни треба ковид пасош.
Доволна ни е нашата богата и Света Земја-МАКЕДОНИЈА. Ние само сакаме да го живееме животот кој ни е дарен од Бога. Ние сакаме да живееме слободно во нашата Земја, да си го вратиме она што ни го одземавте, да си ја вратиме дружбата, смеата и слободата. Се надевам дека наскоро ќе се случи второто Христовото доаѓање. Бог ќе ја понесе платата за секого според заслугата. А ние драги мои да продолжиме со молитвите и будни да го дочекаме Христовото доаѓање. Во здравје, мир и радости да го прославиме најсветлиот празник. Свет, свет, свет си Боже, смилувај се на нас!!! На сите вам ви посакувам Среќни Празници. ХРИСТОС СЕ РОДИ-НАВИСТИНА СЕ РОДИ!!!
Лиле Прочкова