Откако северџанистанската Влада нареди да се тргнат руските телевизии од македонските кабелски оператори, за наводно да не се шири руска пропаганда, се шират повици истото да се стори и со српските телевизии.
Го пренесуваме ставот на еден од таканаречените аналитичари од кој јасно се гледа говор на омраза и фашистички повик за забрана на медиуми од соседна држава:
Аналитичарот Алберт Муслиу, смета дека ширењето на руската пропаганда преку дел од српските телевизии се прави плански. „Секако дека ја шират. И не само што ја шират, тие имаат и нивни партнери кај нас, и тоа не се случува случајно, тоа е дел од една машинерија, добро разработена, која се разработува веќе повеќе години наназад и сега е ставена само во функција. Истите тие провајдери кои се на каналите ако веќе зеле јавно овластување од државата за тоа да им го пренесуваат на граѓаните, тогаш треба да земат и јавни обврски во заштитата на граѓаните од пропагандистичките тенденции“, дециден е Муслиу.
Тој додава дека е неопходно да се вложува во борбата со дезинформациите, а регулирањето на телевизиите го гледа како едно од решенијата.
– Ако можевме да забраниме големи канали како Раша тудеј, секако дека може помали канали исто така да ги забраните или да им укажете дека ако продолжат со таков однос, дека истите ќе бидат забранети. Во крајна линија ние немаме обврска во државата сите канали да ги пуштаме, додава Муслиу.