Мајк Хјуз, попознат како Лудиот Мајк, загина кога ракетата направена од самиот тој, се сруши. Со овој експеримент, Мајк се обиде да докаже дека Земјата е рамна.
,, Во овој тежок период нашите мисли и молитви се насочени кон семејството и пријателите на Мајк Хјуз. Ова лансирање беше неговиот сон и канал Science беше со него за да го сними патувањето “, се вели во соопштението канал Science ( наука ), пренесува CNN .
Наводно, Хјуз требаше да го изведе летот како дел од новата серија „ Домашни астронаути “ , според веб-страницата на Discovery Channel .
Мајк Хјуз и Волдо Стокс изградија ракета на парен погон. Според нивниот план, ракетата требало да го крене Мајк на надморска височина од околу 1.530 метри ( 5.000 стапки) над пустината, во близина на градот Бастроу, Калифорнија.
Видео снимката направена од набљудувачите на експериментот го покажува лансирањето на ракетата, како падобранот не се отвора и смртоносниот пад на Мајк Хјуз.
Во 2002 година, Мајк постави Гинисов рекорд за најдолг лет (скок) во луксузен седан, кога „прелета“ 31 метри, во автомобил ,,Линколн Таункар”.