Свет

ЛУКАШЕНКО : ПУТИН МИ Е КАКО ПОСТАР БРАТ

Lukashenko to attend Victory Parade in Moscow by Putin's ...

Киев – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави оти смета дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е како негов постар брат.

Лукашенко исто така рече дека никогаш не почувствувал никаков притисок од рускиот лидер, пренесува Аваз.

Во телевизиското интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон, тој рече дека навистина го смета Путин за постар брат, но не во смисла на хиерархија, туку во однос на возраста и политиката.

„Тој е навистина како постар брат за мене, во однос на возраста и политичката тежина. Улогата на постар брат е да помогне, да поддржува и советува, да не ве сопнува, туку да пружи поддршка“, истакна Лукашенко.

Тој призна дека има одредени тензии во неговиот однос со Путин, но само затоа што и двајцата се „лица со силен карактер“.

„Говорејќи за наводниот притисок на рускиот претседател, Лукашенко истакна дека Путин никогаш не вршел притисок врз него, затоа што тој знае дека тоа би било целосно бескорисно“, пренесе ТАСС.

„Јас секогаш се согласувам на компромис, но ако станува збор за државата или гледам дека тоа не е фер, тогаш тоа не е прифатливо за мене“, додаде Лукашенко.

Related posts

Leave a Comment