Колумни

Македонија е наша обврска, таа е нашата Светија, нашиот зачеток, нашата меморија и нашата иднина – Зоран Славјански

Македонија е наша обврска, таа е нашата Светија, нашиот зачеток, нашата меморија и нашата иднина.

Промената на името ни ја покажа целата погрешна матрица која вирее кај Македеонцот и за која неминовно не водеше во оваква криза.

Овие што владеат, овие што се „елита“, се производ на изветоперениот вредносниот систем кој владее во нашето општество.

Ние имаме општествен систем кој народот го плаќа 3,4 милијарди евеа секоја година, како за мерцедес излеан во злато а добиваме коњска запрега со полумтров коњ кој влече, односно се враќа назад од тежината на запрегата која е полна антивредноста идитиоилигија, флоскули, феудални оставштини итн…..

Во тешката судбина на Македонецот има и една Позитивна компонента.
Македонија откако поптадна под Отоманската империја, таа влезе во темно доба и започна да заостанува позади светот.
Го знаеа нејзиниот потенцијал и затоа не и дозволија да биде ништо друго освен темен вилает.
Неколку пати е палена по должина и ширина, раселувана со етнички чистења.

Таму, во светот кој се развиваше Македонецот стекна вештини на новото време.
ГО премости времето кое го губеше во ропство, се стекна со знаења од скоро сите области, станаа успешни и ценете луѓе по вредносни системи кои носат вистински развој.
Тие Македонци, со Македонците од Родината треба заедно да ја кренат Македонија и да ја внесат во 21 век.
Но на тој пат треба секој еден свесен Македонец активно да се вклучи и да помага во кревањето на својата татковина.

Ова бесцелно кукеање, кукумавчење и чекање дека некоја група лево, десно или право ќе ја заврши работата на сите нас, е Илуција е дел од старата анти вредносна матрица, која повторно ќе донесе уште поголема национална криза.

Ова што го говорам го спроведуваме и на терен, тоа е идејата #Родина, која е зач

еток на една таква симбиоза на Македонци со стекнато знаење надвор и тука во Родината.

Единствено Чудо во кое верувам е Чудото на Обединување на целиот креативен, чист, национален потенцијал на Македонецот.
Чудо кое ќе се случи ако прво се обединиме со срце, после со ум и мисла.

Бев дел од неколку манипулативни системи за растурање на таа енергија, остатоци од еднопартискиот систем кој не сака да го даде просторот на новите сили и на 21 век, но времето во дигиталното доба се побрзо ќе им пресудува на таквите. И веќе им пресуди.

Јас усепав во животот, благодарен сум му за сите искушенија, маки, радости, сега сакам да успее и мојата Родина Македонија, затоа што сакам моите деца да живеат во држава која ќе биде најдобрата животна средина за нив.
НЕ сакам да поминуваат низ транзициите низ кои ние поминавме, да им оставиме држава на пропаднати политички рециклирани елити со еднократна употребна вредност за странските интереси.

Зоран Славјански

Related posts

Leave a Comment