Македонија

Македонија протера руски дипломат, Москва ќе возврати

Безвизниот режим со Русија продолжен за една година - Pressing TV

Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во Македонија за непожелна личност.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, СОГЛАСНО ЧЛЕН 9 ОД ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ, ОДЛУЧИ ДА ПРОГЛАСИ ЕДЕН ДИПЛОМАТ НА АМБАСАДАТА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА НЕПОЖЕЛНА ЛИЧНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА МНР.

Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Република Македонија во рок од седум дена.

Од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје потврдуваат дека македонските власти прогласиле вработен во амбасадата за персона нон грата. Во изјавата за МКД.мк од руската амбасада само велат дека Русија разгледува преземање реципрочни мерки. 

Related posts

Leave a Comment