Свет

Макрон: Еу во опасност ако Русија распореди нови ракети во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека треба да се изготви нов договор за ракети со среден и краток дострел, со европско учество.

„По одлуката за излез од Договорот за ракети со среден и краток дострел , треба да направиме нешто ново. Сакам Европа да биде дел од тој нов договор‘ , рече францускиот лидер на прес-конференција со неговиот американски колега, Доналд Трамп.

Според гледиштето на Макрон, Франција, Германија и другите земји од ЕУ ќе бидат во опасност доколку Русија распореди дополнителни ракети во Европа .

Трамп, пак, рече дека НАТО треба да гради добри односи со Русија, но истакна дека Алијансата „треба да биде подготвена за можна конфронтација, без разлика дали е тоа Русија или некој друг“.

Тој истакна дека постои можност за договор со Русија за нуклеарно разоружување.

„Разговарав со претседателот Путин . Јас сум во контакт со него. Ние сакаме да постигнеме нуклеарен договор што ќе ги вклучи Кина и другите земји во некоја фаза “, рече Трамп.

Related posts

Leave a Comment