Европа нема да може да ја преживее следната зима без руски гас, рече Макрон во интервју за Ouest-France.Францускиот претседател истакна дека ЕУ не разговара за ембарго за снабдување со јаглеводороди од Русија:
– Денеска нема решенија кои ни овозможуваат целосно да го замениме гасот што го увезуваме од Русија со други добавувачи.Во исто време, тој е убеден дека е неопходно да се зајакнат санкциите и да се продолжи со притисокот врз Русија, но истовремено да не се подлегнува на каква било ескалација.Макрон, исто така, призна дека Франција веќе го снабдува Киев со неколку видови оружје, вклучувајќи ги ракетните системи Милан и самоодните артилериски единици Цезар.