Францускиот претседател Емануел Макрон беше удрен со шлаканица од човек дел од група граѓани што го пречекаа Макрон на југот на Франција, покажува видеото од инцидентот.
Обезбедувањето на Макрон реагираше брзо и го собори човекот на земја, оддалечувајќи го Макрон.
Две лица се уапсени во врска со инцидентот, јавија телевизијата БФМ и радиото РМЦ.
A man in the southern French region of Drome shouted 'Down with Macronie!' before SLAPPING Emmanuel #Macron in the face on the president’s campaign trail
Subscribe to RT on Telegram https://t.co/Q7gy2WKwCh pic.twitter.com/1mfhfyMqKZ
— RT (@RT_com) June 8, 2021
Инцидентот се случи за време на посетата на Макрон во регионот Дроме во југоисточна Франција, каде што тој се состана со сопственици на ресторани и студенти со кои разговараше за враќање во нормален живот по пандемијата со ковид-19.
На снимката се гледа како Макрон оди кон насобраните граѓани кои стоеја зад металната ограда. Потоа ја подава раката кон мажот во зелена маица, со очила и заштитна маска.
Човекот тогаш извика „Долу Макронија“ и му удри шлаканица на претседателот.
Двајца телохранители го срушија човекот, а третиот го влечеше Макрон настрана.
Кабинетот на францускиот претседател објави дека станува збор за планиран напад, без да се наведат детали.