Свет

Макрон сака да даде нов поттик за стратешки дијалог со Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека “Европа има потреба од нов дијалог за прашањата на доверба и безбедност во односите со Русија”

 

Важно е да се даде нов поттик за засилување на дијалогот со Русија, рече францускиот претседател Емануел Макрон за телевизискиот канал РТС во вторникот.

“Потребна ни е стратешка дискусија. Затоа, во блиска иднина ќе имаме нови сеопфатни и суштински разговори со рускиот претседател Владимир Путин”, рече Макрон. Тој додаде дека би сакал да размени мислења со Путин не само како претседател на Франција, туку и како претседател на Г7.

“Европа има потреба од нов дијалог за прашањата на доверба и безбедност во односите со Русија”, истакна Макрон. “Имаме несогласувања, но продолжуваме да работиме заедно”, истакна тој.

Францускиот претседател исто така потсети дека Европа и Русија имаат заедничка историја. “Русија е одлична земја која ја надмина трагедијата заедно со нас. Никој не треба да заборави на тоа низ што мина Русија во Втората светска војна”, заклучи тој.

Related posts