Свет

Макрон: Ќе го зајакнам суверенитетот на Франција ако освојам втор мандат

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека ќе го зајакне суверенитетот на Франција доколку освои втор мандат како претседател на изборите следниот месец, за да ја води земјата низ, како што рече, нова кризна ера.

Предноста на Макрон пред неговите ривали во пресрет на изборите се зголеми по руската инвазија на Украина, објави Ројтерс.

Анкетите на јавното мислење објавени во последните недели покажуваат дека Макрон треба да освои околу 30,5 отсто од гласовите во првиот круг, што е за 10 отсто повеќе отколку што покажаа минатомесечните анкети.

Макрон денеска го претстави својот план за втор претседателски мандат доколку победи на изборите.

Тој рече дека Франција до 2025 година ќе ги достигне трошоците за воени цели во износ од 50 милијарди евра.

Претседателот на Франција порача дека земјата треба постепено да се движи кон подигање на старосната граница за пензионирање на 65 години, притоа земајќи ги предвид спецификите на одредени професии.

Тој рече дека војната меѓу Украина и Русија, двата најголеми светски производители на жито, најверојатно ќе доведе до криза со храна во следните 12-18 месеци во Африка и на Блискиот Исток.

Related posts

Leave a Comment