Свет

Макрон, Џонсон и Трудо снимени како го исмејуваат Трамп (ВИДЕО)

EPA-EFE / Yui Mok / POOL

Нова снимка која протече ги прикажува лидерите на некои од најважните сојузници на Америка како го озборуваат и исмеваат Доналд Трамп.

Снимката е направена на прием во Бакингемската палата со кралицата Елизабета Втора и нејзиниот наследник, принцот Чарлс.

На неа може да се видат премиерот на Холандија, Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон, додека стојат во круг со чаша в рака.

Дел од разговорот, фатен од микрофоните на американската телевизија ЦБС, е доста интересен.

“А, затоа доцниеше?” го прашува Џонсон Макрон. Одговорот на Макрон не може да се слушне на снимката, но Трудо продолжува: „Тој задоцни поради на својата 40-минутна прес-конференција за новинарите“.

„О, да, да, тој најави …“ Трудо продолжува да зборува, но остатокот од реченицата е повторно неразбирлив.

Макрон разговараше со Доналд Трамп во вторникот попладне, кој остро го нападна Макрон пред самитот околу неговата проценка за НАТО и планираното оданочување на американските технолошки компании.

Макрон и Трамп долго време одговораа на новинарски прашања, што не беше предвидено во протоколот, а Макрон одговори дека „останува на своите тврдења“ за НАТО како сојуз кој е во состојба на „мозочна смрт“, што Трамп го нарече „навредливо“.

Она што Макрон потоа го кажува повторно не може да се разбере во видеото затоа што беше завртен со грбот.

„Само се виде дека на неговата екипа им испаднаа вилиците на подот (во шок)“, кажа во продолжение Трудо, очигледно зборувајќи за Трамп.

Како и на претходниот самит на НАТО, Трамп не се придржуваше кон протоколот, туку ги користеше изјавите за печатот во друштво  на сојузничките земји да одговори ненајавено на прашањата на меѓународните медиуми.

 

Разговорот на европските лидери со канадскиот премиер случајно снимено од камерата на канадската телевизија,сигурно нема да ја подобри атмосферата денес кога се одржува самитот на воено-политичкиот  сојуз во кој се затегнати односите, пред се заради воената операција на Турција во Сирија.

Related posts

Leave a Comment