Малиот херој Јане, денеска на Клиниката за детски болести го прими лекот Спинраза. Во изминатиот месец, сите 7 деца со спинална мускулна атрофија ја примија потребната терапија. Овој лек претставува најсовремена терапија што се дава во најразвиените земји во светот.
Јане е редовен поддржувач на нашата репрезентација, а пред неколку дена се обрати и на Самитот на ОН во Њујорк.
Тој добива поддршка од многу фудбалски ѕвезди како Бекам, Погба, Фиго… Пред извесно време снимаше и реклама за УЕФА.