Деновите на Европската унија, која преставува „вештачка творба“ – се одбројани, изјави француската политичарка Марин Ле Пен и предложи наместо ЕУ, да се формира „Европа на народите“, заснована на почитување на националните карактеристики и независноста на секоја земја.
Во интервјуто за „Valleurs actuelles“, француската политичарка истакна дека кризата, предизвикана од вирусот корона, го постави темелот за промени и врати зборови како „граници“, „суверенитет“ и „национални интереси“ во секојдневниот говор на Европејците. Ле Пен посочува дека ЕУ се подготвува да ја прослави 70-годишнината од потпишувањето на Шумановата декларација со голема помпа, но дека тоа е едноставно „ класичен обид за создавање на митови “.
Таа потсети на судбината на Советската империја , која се распадна заради нејзината „идеолошка апсурдност“.
Ле Пен додаде дека Европската унија е „ лабораториска формула на триумфалната глобализација , вештачка творба, која постои како прототип на светската влада “.
Според нејзиното мислење, ЕУ „го заврши своето“ и за време на кризата предизвикана од вирусот корона, разочарувањето на луѓето од „ненародната власт“, која ја покажа својата недоследност и рамнодушност, постепено прераснува во одвратност .
Истовремено, како што истакна таа, тоа не значи дека европската идеја е мртва. затоа што „ Европската унија не е Европа “.
Ле Пен апелираше на 500 милиони „вистински Европејци“ да се потсетат на духот на Солидарна Европа , која „не треба да се формира, затоа што веќе постои“.
„Таа не е стара 70 години, таа сјае од почетокот“, изјави Ле Пен.
Сепак, како што додаде таа, „вистинска Европа“ може да се организира исклучиво околу нации, „разновидни и креативни народи“, со безусловно почитување на националните чувства.
Според неа, сега се појавува смислата на зборовите „суверенитет“, „граници“, „стратешка држава“ и „национални интереси“, а „зад овој семантички пробив се гледа идеолошка победа, која наскоро ќе резултира со политички потреси “.
„Суверени народи во суверени држави, Европа, која се наоѓа на патот на соработка и почитување на нациите – тој природен поредок на нештата постепено се враќа на своето место“, заклучи Ле Пен.