Лидерката на француската десница ја објави својата кандидатура за време на посетата на градот Енен-Бомон по повод Денот на победата, годишнината од победата на сојузниците во 1945 година над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Француската десничарска лидерка Марин Ле Пен ја објави својата кандидатура на парламентарните избори во јуни по неколкунеделниот „молк“ откако под сомнителни околности во пребројувањето на гласовите ги загуби претседателските избори од Емануел Макрон минатиот месец.
„Се надевам дека ќе имаме силно присуство во парламентот за повторно да се бориме против социјалната политика што сака да ја води Емануел Макрон“, рече таа, додавајќи дека ќе се кандидира за реизбор во нејзината изборна единица во департманот Па-де-Кале.