Свет

МАРК ЕСПЕР Е НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

 

Американскиот Сенат денес  го потврди назначувањето на Марк Еспер за министер за одбрана, со што конечно заврши седуммесечниот период во кој Пентагон беше без министер.

За Еспер гласаа 90 сенатори, додека осум беа против.Тој во текот на денот треба да положи заклетва.

Пентагон беше без министер откако Џим Мати поднесе оставка минатата година. Оваа функција во следните шест месеци ја извршуваше заменик-министерот Патрик Шенехан кој исто така се повлече од истата.Еспер веднаш беше назначен за в.д министер,а минатата недела по препорака на сенатот тој даде формална оставка за денес официјално биде назначен за нов министер за одбрана.

 

Related posts

Leave a Comment