Тенис

Мартон Фучовиќ: „Ѓоковиќ не треба да биде во Мелбурн“

Унгарскиот тенисер Мартон Фучовиќ го коментираше случајот со Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

38. тенисер на планетата смета дека Србинот не треба да биде во Австралија и да игра на првиот Грен слем сезонава.Тој објасни и зошто.

„ Најдобриот тенисер на светот, Ѓоковиќ, ги освои сите гренд слемови, девет пати беше шампион во Мелбурн, затоа заслужува да биде тука и да игра. Сепак, не можеме да одиме подалеку од она што се случува во светот. Здравјето на луѓето е важно и има одредени правила, изјави Фучовиќ за унгарските медиуми.

Тој напомена дека прописите се такви да се вакцинираат сите, што не е точно.

„ Сите мора да се вакцинираат, Новак не го направи тоа. Од таа гледна точка, мислам дека тој не треба да има право да биде тука “, заклучи Унгарецот.

Фуцовиќ смета дека учеството на Ѓоковиќ на Ози опен би било негативно прифатено во Австралија, бидејќи, како што наведе, со добивањето изземање, многумина ќе почувствуваат дека тоа не е фер.

Related posts

Leave a Comment