АДИС АБЕБА – Припадниците на подмладокот на етничката група Тиграј од Етиопија убија најмалку 600 цивили за време на конфликтот со локалните безбедносни сили во масакрот во градот Маи Кадра, соопшти денеска етописката организација за човекови права.
Нападот, кој се случил на 9 ноември, беше насочен кон луѓе кои не се од тиграјско потекло, изјави владин претставник, пренесе Ројтерс.
Инаку на 19 овој месец, Етиопската армија го обвини директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус, за поддршка на владејачката политичка партија во Тиграј, чии припадници го извршиле масакрот.
Сепак, Ројтерс додава дека не може да го потврди бројот на убиени затоа што се прекинати интернет и телефонските врски во тој регион и е многу тешко да се добијат информации.
Водачите на тиграјските сили не беа достапни за коментар, сепак, тие претходно негираа каква било вмешаност во масакрот.
Нападот бил насочен кон етничките групи Амхара и Волкаит, кои живеат во Маи Кадри.
Градот на северот на Етиопија е под опсада поради борбата меѓу владините сили и силите на Тиграј, во конфликт кој трае три недели, поради што беа убиени стотици луѓе, додава Ројтерс.
До попладневните часови, припадниците на подмладокот на тиграјската група „Самри“ отидоа со полицијата во делот на градот каде живеат луѓе со друго етничко потекло, а масакрот започнал со убиството на земјоделецот Амхар, кој беше ликвидиран пред неговото семејство, додека неговата куќа беше изгорена до темел.
Претходно,Генералот на етиопската армија Бирхану Јула рече дека Гебрејезус е член на Народниот ослободителен фронт Тиграј, „криминалец кој треба да биде сменет од функцијата директор на СЗО“.
Тој не даде повеќе детали за обвинувањата против Гебрејезус, кој е Етиопиец од Тиграј.
Портпарол на СЗО изјави дека тој нема коментар за обвинувањата против Гебрејезус, објави Ројтерс.
Тедрос Гебрејезус беше министер за здравство и министер за надворешни работи од 2005 до 2006 година во поранешната коалициска влада предводена од Народноослободителниот фронт на Тиграј.
Фронтот ја водеше земјата сè додека премиерот Ахмед Аби не беше избран за премиер пред две години.
Во 2017 година, Гебрејезус стана првиот директор на СЗО со африканско потекло.