Регион

Маскирана група го нападна Јанис Варуфакис во Атина. Го фрлиле на под и го клоцале по глава

Екстрадиција на Џулијан Асанж

Група од 20-ина лица најпрво го навредувале поранешниот министер за финансии, а кога им пришол да разговара со нив, го фрлиле на подот го удирале со клоци и му удирале шлаканици по лицето. Завршил во болница со скршен нос.

 

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта бил нападнат и претепан од група маскирани пред ресторан во анархистичката област во Атина, по што бил пренесен во болница, каде било констатирано дека му бил скршен носот. Во саботата објавија грчките медиуми.

Шеесет и едногодишниот пратеник од левичарската опозиција прво беше навредуван од група од дваесетина луѓе пред ресторанот, каде што вечерал со приврзаниците на неговата партија Мера25. Варуфакис потоа отишол до влезот на ресторанот за да разговара со нив, но потоа неколку маскирани лица го нападнале, го фрлиле на земја, го удирале со клоци и го удирале по лицето.

По нападот, Варуфакис бил пренесен во болница, каде било констатирано дека му бил скршен носот.

Варуфакис се заблагодари на социјалната мрежа Твитер за солидарноста што ја доби по нападот.

Тој ги негираше информациите дека напаѓачите биле автономисти, анархисти или левичари.

Според него, станува збор за однапред ангажирани насилници кои го обвинија дека среде должничката криза во 2015 година, кога бил министер за финансии, ја продавал Грција на странски земји.

„Тоа беа платеници (и така изгледаше) кои невешто ја повторија лагата дека сум се продал. Нема да дозволиме да не поделат. Напред!

Неговата партија нападот го нарече „безобразен фашистички напад од провокативни насилници“.

Во 2015 година, Варуфакис веќе беше жртва на сличен напад пред истиот ресторан.

Related posts

Leave a Comment