Крим е клучен за безбедноста на Русија и неговата загуба за Москва би била иста како загубата на Хаваи и Перл Харбор за САД, напиша основачот на „Спејс Икс“ Илон Маск.
„Без разлика дали некому му се допаѓа или не, Русија го гледа Крим апсолутно како клучен дел од Русија. Крим е исто така клучен за националната безбедност на Русија, бидејќи е јужна поморска база. Од нејзина гледна точка, загубата на Крим е исто како и загубата на Хаваи и Перл Харбор за Соединетите Американски Држави“, смета Маск.
Американскиот бизнисмен ги напиша своите размислувања и за нуклеарното оружје и предупреди на заканата од нуклеарна војна.
„Доколку Русија се соочи со избор да го загуби Крим или да користи нуклеарно оружје, таа ќе го избере второто. Ја ограничивме Русија на секој можен начин со санкции, па што имаат да загубат? Ако ја нуклеаризираме Русија како одговор, тие ќе не погодат и ќе се најдеме во состојба на Трета светска војна“, напиша Маск на својот Твитер профил.
На 3 октомври Маск на Твитер ја објави сопствената визија за условите за мир во Украина. Како прв чекор, тој предложи одржување референдум во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Керсон под надзор на ОН. Москва постојано изјавува дека никому не се заканува со употреба на нуклеарно оружје и останува посветена на постулатот за недозволивост на нуклеарна војна, пренесува Спутник.
Russia has been punched in the nose and forced to retreat many times by Ukraine.
But what you don’t want to do is give Russia a choice of total, humiliating defeat or nukes – then the probability of them using nukes is high.
— Elon Musk (@elonmusk) October 17, 2022