Свет

МАТЕО САЛВИНИ : КИНЕСКИОТ КОМУНИСТИЧКИ РЕЖИМ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ГЛОБАЛЕН МАСАКР ОД КОРОНАВИРУСОТ

Salvini could yet survive his miscalculation in Emilia-Romagna ...

Лидерот на италијанските суверенисти и претседател на партијата Лига, Матео Салвини, побара втор нирнбершки процес за комунистичкиот кинески режим кого го обвини за масакр на милиони луѓе ширум светот од коронавирусот.

По историското судење на германските нацисти, со оглед на континуираните и потврдени вести, ќе биде потребно да се формира не само истражна комисија, туку можеби и втор Нирнберг да се утврдат и казнат какви било грешки на кинескиот комунистички режим за масакрот : студијата на Харвард која зборува за тоа дека  болниците во Вухан биле веќе преполни кон крајот на август ги зајакнува сомневањата за лошата вера на Пекинг.
Бараме вистина и правда за нашите мртви, напиша Салвини на социјалните мрежи алудирајќи дека властите во Пекинг прикривале дека коронавирусот се појавил уште во август минатата година и со тоа директно предизвикале масовна пандемија ширум светот која се претворила во вистински масакр.

Image

Related posts

Leave a Comment