Матео Салвини, поранешниот италијански вицепремиер и министер за внатрешни работи, ја изрази на Твитер својата поддршка за српскиот тренер и поранешна фудбалска ѕвезда,Синиша Михајловиќ во борбата со тешката болест
На својот Твитер профил, Салвини сподели текст на италијанскиот весник република со наслов „Михајловиќ пуштен од болница: Извршена трансплантација на коскена срж, состојбата е задоволителна“, со коментар: „Напред Синиша, напред воину!“.
Forza #Sinisa, forza guerriero!!!https://t.co/BRdonqKRlM
— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) November 22, 2019
Ова не е првпат Салвини јавно да изрази поддршка за популарниот Миха. Летово, кога Михајловиќ објави дека се повлекува поради лекување, тој исто така на Твитер напиша: „Напред, српски воину! Чесност, лојалност, пожртвуваност и чест: и оваа битка ја добиваш “.