Свет

Матео Салвини повика на демонстрации (ВИДЕО)

 

Лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини денес ги повика своите членови и симпатизери на масовни демонстрации во Рим на 19 октомври.

Лидерот на италијанската националистичка лига Матео Салвини денеска ги повика приврзаниците да се соберат на 19 октомври во знак на протест против новата анти-системска влада на Движењето Пет Sвезди и опозициската Демократска партија, за која тврди дека е „создадена во Брисел“ за да се ослободи „тој вознемирувачкиот Салвини“.

 

 

„Да се ​​подготвиме и да бидеме таму на 19 октомври. Тоа ќе биде ден на гордост за повеќето кои сакаат влада што не се појави преку ноќ во Париз или Брисел“, рече Салвини.

Не случајно е што поранешниот комесар на Германија  Гунтер Отингер изјави дека Брисел е подготвен да стори сé за да помогне во создавање на оваа нова влада, пренесува АНСА.

Претходната италијанска коалиција на „Пет sвезди“ и „Лигата на Салвини “ се распадна на почетокот на овој месец кога Салвини се повлече од неа, со надеж дека ќе предизвика предвремени избори.

Сепак, Движењето Пет Sвезди и опозициската Демократска партија успеаја да постигнат договор и ќе се обидат да формираат нова влада предводена од стариот премиер Џузепе Конте.

 

Related posts

Leave a Comment