Свет

Мауро Ферари : „Ја изгубив вербата во системот на ЕУ“

Mauro Ferrari si dimette dal Consiglio Europeo di Ricerca: "Deluso ...

Претседателот на Европскиот совет за истражување, Мауро Ферари, си поднесе оставка затоа што не успеа да го убеди Брисел да започне научна програма за борба против коронавирусот.

Портпаролот на ЕУ Јоханес Барк денес го потврди ова.

Ферари, кој го започна својот четиригодишен мандат како претседател на Европскиот совет за истражување на 1 јануари, за „Фајненшал тајмс“ изјави дека е „исклучително разочаран од европскиот одговор на Ковид-19“.

Тој се пожали на институционалните и политичките пречки на кои наишол во обидот да се забрза научната програма за борба против вирусот.

„Сум видел доволно кога станува збор за спроведување научни истражувања и политички операции во ЕУ. Ја изгубив вербата во самиот систем“, рече тој.

Додека вирусот се ширеше од Кина во Италија, Австрија, Шпанија и други земји од ЕУ, Европската унија се најде на мета на критики поради не доволно силното залагање за координиран одговор, иако здравствените проблеми првенствено се одговорност на земјите членки, пренесува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment