ХРОНИКА

МВР бара член на Судски совет поради нелегална приватизација, приведени и петмина вработени во општина Тетово

ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ДА ГО ПРИВЕДЕ ЧЛЕНОТ НА СУДСКИ СОВЕТ ЗОРАН ТЕОФИЛОВСКИ ЗА НЕЗАКОНСКО ПРИВАТИЗИРАЊЕ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ, ПЕТМИНА ВЕЌЕ СЕ ПРИВЕДЕНИ

Одделот за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи, трага по Зоран Теофиловски, член на судскиот  совет. Осомничен е за злоупотреба на службената должност и нелегално приватизирање на атрактивна парцела.

Според информациите на Алсат, Теофиловски нелегално легализирал тениско игралиште на спортското здружение Љуботен – Тетово, чиј поранешен претседател, бил токму тој.

По наредба на обвинителството за организиран криминал и корупција, утрово се лишени од слобода пет лица од општина Тетово. Според информациите од МВР, акцијата се уште трае.

Related posts

Leave a Comment