Свет

Медведев до Шолц: „Добредојдовте во новиот храбар свет каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас“

Со признавањето на сепаратистичките области во источна Украина, Русија создаде сосема нова ситуација, а поради последните случувања мораме да ја преиспитаме ситуацијата, вклучително и проектот Северен тек 2, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц . 

На веста за гасоводот реагираше и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев . Тој на Твитер напиша дека цената на гасот многу брзо ќе скокне кај Европејците.

– Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2. Добредојдовте во храбриот нов свет во кој Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас“, напиша тој. 

 

Related posts

Leave a Comment