МОСКВА – Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изрази сомнеж дека Киев ќе може да ги исполни своите договорни обврски во наредниот период и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина.
„А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците не им е гајле, тие инвестираа толку многу во антирускиот проект што се друго е мало“, напиша тој на својот Телеграм канал , пренесува РИА Новости.
Тој рече дека видел изјава во која се вели дека Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да плати за него за две години.
Според него, „без западниот течен гас“, Украина едноставно ќе замрзне зимава, пренесува „РИА Новости“.