Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секое оружје во арсеналот на Москва, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, може да се користи за одбрана на териториите кои се поврзани со Русија од Украина.
Медведев, кој е и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека референдумите планирани од проруските власти на големи делови од украинската територија ќе се одржат и дека „нема враќање“.
Путин изјави дека западните земји „ја преминале секоја линија“ и се обиделе да ја „уценат“ Русија со нуклеарно оружје.
„Донбас и другите територии по референдумот и присоединувањето кон Русија ќе бидат значително зајакнати од вооружените сили на Руската Федерација, не само со можноста за мобилизација, туку и со секое руско оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, ќе може да се користи за нивна заштита – изјави Медведев. „Русија не треба да се плаши од приказните дека НАТО ќе го нападне Крим, хиперсоничното оружје може многу побрзо да стигне до цели во Европа и САД“.
„Различни пензионирани идиоти со еполети не треба да нè плашат со приказни за напад на НАТО на Крим. Гарантирано е дека хиперзвукот многу побрзо ќе ги достигне целите во Европа и во САД“, напиша Медведев.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на РФ додаде дека „западниот естаблишмент, генерално, сите граѓани на земјите на НАТО треба да разберат дека Русија го избрала својот пат“.
„Враќање назад нема, заклучи тој.