Свет

Меркел разговараше со Путин и Ердоган за конфликтот во Либија

ЕПА / ТОЛГА БОZОГЛУ

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше одделно со претседателите на Русија и Турција за напорите за постигнување дипломатско решение за конфликтот во Либија.

„Договорена е понатамошна комуникација за зајакнување на дипломатските напори“, рече портпаролот на германската влада.

Тој додаде дека Меркел разговарала телефонски со Ердоган и Путин во неделата и за ситуацијата во Сирија.Министерот за надворешни работи на Турција предупреди дека постои опасност либискиот конфликт да се лизне во хаос и да ја направи Либија нова Сирија.

Related posts

Leave a Comment