Свет

Меркел ја повика Европа треба да произведе нови авиони и тенкови

Берлин – Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските земји да развијат нови системи за оружје, вклучително и борбени авиони и тенкови.

„Заедно ќе развиваме системи за оружје, вклучително и борбени авиони и тенкови, во иднина. Германија и Франција се на врвот во овој поглед“, рече Меркел за време на традиционалното неделно видео обраќање до нацијата, овој пат по повод 64-годишнината од Бундесверот.

Според неа, конфликтот во Украина и „анексијата на Крим“ уште еднаш го актуелизираа прашањето за одбрана и соработка во рамките на воените сојузи, особено во НАТО, објавија медиумите.

Меркел рече дека германската безбедност е осигурана со постоењето на Бундесверот, така што вооружените сили треба да ги добијат потребните финансиски ресурси за нивниот развој.

Западните земји постојано говорат за „руска агресија“ околу конфликтот во Украина и анексијата на Крим. Москва негираше дека е вмешана во конфликтот во Украина и дека анексијата на Крим уследи по референдумот што се одржа во согласност со меѓународното право.

Бундесвер се вооружените сили на Сојузна Република Германија.

Related posts

Leave a Comment