“Бројни политички актери во Вашингтон не ја гледаат штетноста на ова инволвирање кое ја продлабочува кризата во Венецуела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова
ООН, 1 мај . Мешањето на Вашингтон во суверените прашања на Венецуела може да предизвика колапс на ситуацијата, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите во вторникот.
“Бројни политички актери во Вашингтон не ја гледаат штетноста на овој пат со кој ја поттикнуваат целата приказна. Тоа е чудно, бидејќи сега е очигледно за сите”, рече таа. “Ако Вашингтон ги продолжи своите обиди за мешање во внатрешните работи, тоа може да предизвика колапс на ситуацијата”.
Претходно во вторникот, лидерот на Венецуела, Хуан Гуаидо, објави видео на Твитер, во кое тој ја повика венецуелската војска да излезе на улиците за да “стави крај на узурпацијата” во земјата. Во видеото се појавуваат и група на воени офицери и шефот на партијата Популарна волја Леополдо Лопез. Имаше извештаи за пукање и пуштање на солзавец во близина на патот што води кон воздухопловната база Франсиско де Миранда во Каракас, каде што Гваидо го сними видеото.
Хуан Гваидо, лидер на Венецуелската опозицијата и спикер на Националното собрание, чие назначување на таа позиција беше поништено од страна на Врховниот суд во земјата, се прогласи за привремен претседател на митингот во главниот град Каракас на 23 јануари. Истиот ден, САД го признаа како привремен претседател, а земјите од групата Лима (со исклучок на Мексико) и Организацијата на американските држави го следеа примерот. Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, го поништи овој потег како обид за државен удар и најави прекин на дипломатските врски со САД.
Повеќето земји-членки на Европската унија го признаа Гваидо како привремен претседател на Венецуела. Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Кина, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција изразија поддршка за Мадуро