Македонија

Милошоски со бомба за Заев (ВИДЕО)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес-конференција објави аудио бомба за поранешниот претседател на Владата и актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев за која тврди дека јасно се гледа спрегата на Заев и судството, односно како тој нарачувал одлуки во Врховниот суд.

Според транскриптите кои Милошоски им ги подели на медиумите, разговорот е снимен во Владата на Република Македонија во присуство на едно лице опфатено со случајот „Рекет“ и уште едено непознато лице.

Во дел од нив се слуша како тогашниот премиер Зоран Заев зборува со некој и му кажува:

… Значи ја, со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во Врховен суд, имаше и други тројца од апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеад Кочан и заради бегството на овој (Груевски), и Јово беше вратен. Сум се смирил со Јово и сум се договорил со Јов. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секој пат дека не треба, секогаш сум верувал… Знаејќи го Катица целото тоа што ќе се случува она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите….

Related posts

Leave a Comment