Колумни

МИРКА ВЕЛИНОВСКА: РОДИНА МАКЕДОНИЈА Е ПОД УДАР НА СТРАНСКИ СЛУЖБИ

На 17 октомври, во 11 52 мин. добив порака од Боби Георгиевски кој се самопрепознава како новоизбран член на ново раководство на еден ист политички субјект речиси тукушто регистриран како „Родина Македонија“. Решив пораката да ја споделам со македонската јавност, а воедно и да дадам одговор на прашањето зошто во Македонија толку долго успева растурањето, дрндањето на политичките субјекти, небаре се работи за волна за јоргани. Овие операции нормалните луѓе во секојдневни разговори ги озаглавуваат како фатум, да не речам клетва, која гласи: „Тројца Македонци на едно место гарант значи два шпиони„. Сеедно дали домашни или странски или комбинирано. Доказ? Ги има едно чудо накаде и во кој било период од минатото и сегашноста да се опулите. Значи еве ја пораката:

„Почитувана, прочитав дека вечерва гостувате во Родински Разговори. Сакам да Ве известам дека во периодов се случува статутарна промена на врвот на партијата, процедурата е во тек, односно сѐ се финализира од надлежните институции. Вие во моментот сте повикана од членови на старото претседателство кое е веќе нелегитимно и заглавено во одредени криминални активности. Со целосна почит кон Вас и Вашето дело, Ве молам не дозволувајте да Ве вплеткаат во внатрепартиските препукувања луѓе со сомнителни идеали, идеолошка и активистичка определба“.
Член на новоизбраното Претседателство на Родина Македонија Боби Георгиевски.

Е па вака сега! Стилот, тонот, изборот на зборови, конструкцијата на речениците, вредносните судови, односно, оценки изнесени за своите довчерашни сопартијци, истомисленици и, претпоставувам другари, кои имале исти идеи и ставови скоцкани во една политичка и национална платформа околу која ќе се собере мнозинството Македонци, е школски пример на дрндање на волна за јоргани или на развивање на глутенот во подготвување на тесто за леб со цел на брз начин да се развие она што шпионските организации го викаат плетење на пајакова мрежа. Резултатот од овој вид акции е уништување на секој обид на одреден таргетиран народ, нација или држава да изроди или произведе автохтон субјект што ќе биде доволно силен и втемелен во ткивото на повеќе генерации за да произведе развој, самоодржливо општество кое ќе создава долгорочни културни, морални, образовни, научни, производни, економски вредности. Велика Британија е махер за овој вид операции ширум континентите, а е копи-рајт на Јулиј Цезар. Речиси сите денешни кризни жаришта се последица точно на дејствувањето на субверзивните дејства на британските тајни служби. Од Израел до Мијамар, Од Сауди Арабија до Јемен, од Тајланд до Лаос, од Авганистан до Пакистан, Од Пакистан до Индија, Малезија, Шри Ланка, Бангладеш, Иран, Ирак, Турџија, Африка, Јужна Америка…

Западните странски шпионски служби, маскирани како филантропско хуманистички, демократски и други џиџи-миџи маскировки, мајка му расплакаа и на оригиналното ВМРО. Затоа што ова семакедонско народно движење беше единствениот авангарден производ во Европа на крајот од 19 век кое промовираше републиканство (Ирската варијанта се јави две децени подоцна). Како ексклузивна идеја од Македонија, ројалистичка Европа ја дочека со оценка за крајно опасна и заразна, па пред да прерасне во пандемија и со тоа да го загрози семејниот инцестен картел бизнис на три династички фамилии, раширени во кралства и кнежевства како Ковид 19, решија да го стават ВМРО и македонскиот народ во карантин кој сѐ уште трае за што е доказ Курто-Мурто „плурализмот“ што вегетира преку машина за дишење која ја штима обавештаен странски експертско „докторски“ тим. Домашната УДБА и ѓоамити, партиски угледници и кандидати за водачи заедно со високопозиционирани членови на разни тела, фактички ја вршат улогата на мивки со рачка кои глумат хигиеничари пред патосираниот народ. Истото, уште пред шизмата го направија во 9-ти век со македонското автохтоно Богумилство кое западните „цивилизирани“ европјани ги затече неспремни заради брзото ширење на „заразата“ кон запад под името Катарени, обете со автентично толкување на Христовото учење што беше различно од интервенциите на Васеленските пленуми кои ја догматизираа суштината на Христовата порака. Како заврши? Па така што го лишија Христос од суштина.

Богумилите целосно беа истребени како еретици (денес радикални екстремисти). Денес сите одат во цркви и палат свеќи за да му се молат на Христос во кој суштински не веруваат. Духовните водачи и голем дел од црквената бирократија во мантии говорат за тоа што се исплатело, а што не. Духовноста речиси ја нема и во манастирите. Ова сосема личи на Македонија во која има згради на државни институции, има едно чудо партии, ем партиски раководства, ама нема ниту држава, ниту државотоворна и национална свест и самосвест во тие институции. Аналогно, мајка ѝ расплакаа на изворната охридска архиепископија – Јустинијана прима, животно дело на Императорот Јустинијан и македонско историско наследство, а потоа и на МПЦ – охридска архиепископија на која заради заспаноста и недоветноста на великодостојниците во Синодот за малку една група „просветлени“ отпадници од конструктот ПОА, пред носот ќе им ја грабнеше единствената тапија за изворност тешка 18 векови. Исто што изворниот македонски АЈВАР заврши како словенечки автохтон бренд производ благодарение на политичките дунстери во Владата, а Македонците мораа да прифатат утешно хибридно име АЈВЕР како нов факт на теренот, односно, нова реалност или нова ненормална нормалност која дегенерираше во избирање на име на непостоен народ, на измислена држава без оригинерен идентитет, без свој северџански јазик, своја култура, традиција и историја. Дотеравме до каде што сме денес благодарение на црпките во СДСС и ДПНЕС, обете фашизоидно-геноцидни групировки, а еве уште, така да речам, недородени, но со амбиции да прераснете во РОДИНА МАКЕДОНИЈА и како такви да бидете р’бет на македонскиот народ на следните за вас први селекциони избори на кои ќе бидете проценети и оценети од домашната јавност, вашите дејства од сега покажуваат дека сте уште едно политичко мртвороденче. Ме предупредувате да не бидам наивна и да дозволам да ме користат вашите колку до вчера соборци и истомисленици, а веќе денес криминогени типови со матна идеологија и сомнителна активистичка определба!?

Господине Георгиевски, ме чуди како вака виспрен и прониклив човек воопшто се нашол и практично заглавил во вака лошо друштво толку долго. Што и кој ве „просветли“ токму сега и зошто па баш Вам треба да Ви поверувам дека сте вистинските? Како аутсајдер сакам да видам дали сте квалитетен свеж квасец од кој може да нарасне македонското сега депресирано брашно во кое сенекој става чудни адитиви заради кои лебот мувлосува и засмрдува за 24 часа. Од пораката заклучувам дека вие, на самиот ваш почеток во политиката, правите грешка која Ве дисквалификува во очите на македонскиот народ. Акцијата да се „цепите“ на самиот почеток и судски, медиумски и оговарачки да ги решавате вашите внатрепартиски џавељања, сигнализира дека не сте ни господствени, а па ни политички зрели за општонародна доверба. Кажува дека сте дел од перпетуираните дејства на американската, британската и германската разузнавачка служба (за балканските и да не зборувам) особено силни од осамостојувањето на РМ и чија основна цел е да не дозволат да никне изворно или автохтоно политичко семе кое ќе изроди полнокрвен македонски политички производ. Зошто го прават ова? Зашто Македонија е природна, географска евроазиска стратешка раскрсница. Како го прават тоа? Па просто проценуваат дали од неколку анонимни автохтони семки без ГМО интервенции може да никне и да се шири како пиреј или како глуварче извесна политичка, философско-религиозна, културна, јазична идеја. Значи, овде спаѓа она што се вика предварително утврдување на точката на топење на основачите, основоположниците на одредена идеја (суета, его, парична противвредност, славољубивост, поводливост, интелигенција, морална цврстина, карактер, интегритет, одлучност, посветененост, солидарност). Што би рекол Достоевски, ако ве проценат за дунстери, странци ќе ви изберат Ставрогин „лидер“ кукла со харизма како мамка за масовен изборен лов на кркушки, а зад него невидлив ќе биде Петар Верховенски кој ќе ги цима конците на „водачот“ марионета и вас како високо позиционирани раководители.

Да го декодирам вашиот речник: Вие воопшто немате почит кон „моето дело“ . Ниту ме цените како човек со интегритет и животно и професионално искуство штом мислите дека некој ме ПОВИКАЛ (што е збор што се користи во полицијата на сослушување или во судница на судење и во Це – Ка на партиска диференцијација) на ТВ разговор. Прецизен симбол би бил ме поканиле и јас сум прифатила. Но, да ве известам, обратно е во случајов. Јас ги прашав вашите довчерашни сопартијци дали ќе ми овозможат настап за теми за кои медиумите молчат, а со цел политичкиот божем здравствен карантин да биде изговор и за информативниот манипулативно пропаганден фингерај преку кој се шири страв, паника, безнадежност и масовна хистерија. За мене тајмингот беше важен. За вашиот развод дознав неколку часа пред да одам во студио и тоа преку објава на оние од кои се разведувате експресно и бомбастично, додека сурфав на сајтот на ИНФОМАКС. И нормално дека веднаш ми беше јасно која операција и од кои служби е стартувана врз РОДИНА МАКЕДОНИЈА. Вие мислите дека сум наивна штом некој ваш довчерашен другар ме ПОВИКАЛ на разговор пред камера за да ме манипулира, а јас, ваква глупава, сум се затрчала. Овој ментален конструкт е токму начинот на кој УДБА повикувала на добронамерни пријателски разговори со намера да освестува онесвестени како мене. Слично како „софистицираните“ МИ6, ЦИА, БНД и други. На сите ним како искусни РИБАРИ НА ЧОВЕЧКИ ДУШИ целта им е да ги наполнат распосланите мрежи со дезориентирани кркушки кои водени од корумпирано и издресирано „лидерство“ кое ентузијастички и со јавен и наменски патос гусла пред народ, историја, гордост, патриотизам, а всушност тајно си работи за свои лични материјални интереси. Само така може логично да се разбере и оваа последна во редот на бескрајни делби, разводи и скандали во изминативе 30 години на македонски партиски плурализам од кои умреа СКМ, СКМ – ПДП, а во предсмртна агонија е СДСС, Реформски сили, Либерална и Демократска партија, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Народна, ВМРО-македонска, ВМРО, вистинска повистинска, највистинска, МААК и секако хибридот – ГМО производот на ЦИА Демократска алтернатива која заврши како марамче за еднократна употреба, а која Македонија ја чинеше буквално сѐ. Гледам и Родина „вистинска“ тргнала по истиот пат. На крајот ќе завршите како уште едно гранапче кое плаќа кирија на странски газда. Сакам да заклучам, да ви беа кавгите и недоразбирањата внатрешни, немаше прва мерка да ви биде правење нова партија и јавно оговарање на своите довчерашни соборци и активисти, формирање на паралелна структура (ново семејство) уште пред да се разведете официјално. Попрво ќе да е дека спонзорите или учителите кои ве зеле под свое, ве ошацувале дека сте лесни во умот и поводливи во мотивите за политички ангажман, па вложиле во вас да им одработите она што дополнително ќе му ја одземе надежта на македонскиот народ дека може да има верба во автохтон, квалитетен и скурдепсан политички производ.

Ова ѝ се случува и на Левица која слушам се подала на Трифун Костовски, а сега и вам со влез во мрежата на МИ6. Миленко неодамна ви напиша дека секој „субјект“ има свој Сашо Шиптар. Видете си вие таму кој е вашиот, а баталете ме мене, дрта и изматуфена глупачка да продолжам да ѝ верувам на својата непогрешива интуиција и огромно животно и професионално искуство. Па, ќе се провериме на следните избори „пошто боранија у пролеќе“,,.

Мирка Велиновска

Related posts

Leave a Comment