Свет

Митинг на Трамп во Охајо: Бајден ја уништува нацијата пред наши очи

Скитник, Фото: REUTERS

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја започна кампањата за парламентарните избори во 2022 година со митинг во Охајо.

Неколку илјади приврзаници на републиканците се собраа во саботата на првиот голем митинг за Трамп, кој ја напушти Белата куќа пред пет месеци.

Трамп на соbirot рече дека земјата „оди кон пропаст“ со сегашниот претседател Џозеф Бајден и повтори дека изборите кои се одржаа во ноември 2020 година, на кои тој загуби се „украдени“.

„Бајден ја уништува нацијата пред нашите очи“, рече Трамп, кој официјално не го призна поразот на претседателските избори.

На изборите за Конгресот во 2022 година, републиканците имаат големи шанси да освојат нови места, бидејќи демократите имаат тенко мнозинство и во двата дома – Сенатот и Претставничкиот дом.

Поранешниот претседател оваа недела ќе ја посети граничната зона со Мексико, каде се очекува да ја спомене илегалната имиграција, а потоа ќе престојува на Флорида.

Трамп има големо влијание врз Републиканската партија, делумно затоа што ја остави отворена можноста повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

Related posts

Leave a Comment