Знам дека ова се тешки моменти, знам дека сите ние очекуваме да добиеме чист датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сите ние веруваме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме, но нема да нè водат политичари лажливци, коишто само ветуваат, а ништо не исполнуваат, порача Мицкоски од Гевгелија.
Додаде дека доаѓаат честити луѓе, со силна биографија кои знаат како треба Македонија да ја внесат во семејството на европските народи и дека тоа го може само идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ веднаш по предвремените парламентарни избори.
Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ДПНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, рече Мицкоски.