Во својот текст за грчкиот весник „Неоскосмос“, со седиште во Австралија, американскиот аналитичар, Џек Далгариан, не ја исклучува можноста новата грчка влада, предводена од премиерот Мицотакис, да се обиде да врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски“ во културата, јазикот и производите.
Сепак, анализирајќи ги гео-политичките случувања во регионот, Далгариан оценува дека притисокот од Мицотакис би бил ограничен од двата најголеми меѓународни сојузи.
„Притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат Северна Македонија во двата сојузи“, наведува Далгариан.
Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.
Извор Алсат М