Море бре! Будала само можеше да мисли дека менуваш име за да влезеш во некој си елитен европски клуб, кога едно пет – шест години Брисел тврди дека нема проширување на унијата. Втора работа е тоа што така наречениот западен балкан ( Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) треба да преставува тампон зона, односно штит на Европа од истокот. Така според ова произлегува дека западниот балкан ќе влезе на куково лето во унијата. Особено сега кога унијата се наоѓа пред нејзиното реформирање, нејзина трансформација. Колку што може да се види нејзините институции се веќе мртви. Пројдоа веќе пет месеци како неможат да изберат комесари, немат изградено заедничка надворешна политика, нивните гласачи излагат на избори под 25%, сето ова ни зборува дека унијата е клинички мртовец и само на партии како нашите и од лево и од десно ( А на мајка им во центарот) не можат пред нив да ја видат реалната слика за унијата.