Колумни

Мишко Ливрински: Двојни аршини

Деновиве  си седам  и ги слушам Џо Бајден и еврооатлантистите во врска со случувањата во Украина се повика на кршење на меѓународнот право и се прашувам? бре дечки какво меѓународно право кога вие први со години го испокршивте меѓународнот право и кога го прогласивте за мртво, тогаш кога Обама од јавна говорница во советот на обединети нации кажа дека Америка е посебна и над останатите и на неја нема да и се суди.

Јас јавно да прашам дали меѓународнот прав важеше за Руанда, за Ирак, за Сирија, за Сабра и  Шатила, Србија или само за Украина важи меѓународното право. Кога Америка и западот ги правеше војните тогаш не важше меѓународното право.

Меѓународното право не важи ни за Македонија, и ако по меѓународното право Македонија има право да се именува онака како што таа самата избрала, а не да се притиска и од неа да се бара на сила да си го промени своето име и идентитет, историја, јазик на сила со кршење не само на меѓународното право, туку и со кршење на човековите права, хелсиншката конвенција и останатите меѓународно право.

Колку за потестување САД во своето владење има направено околу триесетина војни од 1948 година, па до денешен ден со кршење на меѓународното право и со рипање на советото за безбедност. Тоа се следниве: Кореја 1950-1953, Гватемала 1954, Индонезија 1958, Куба 1959-1961, Гватемала 1960, Конго 1964, Лаос 1964-1973, Перу 1965, Виетнам 1961-1973, Камбоџа 1969-1970, Гватемала 1967-1969, Ел Салвадор 1980, Никрагва 1980, Гренада 1982,Либан 1983-1984, Либија 1986, Иран 1987, Панама 1989, Ирак 1991, Самалија 1993, Судан 1998, Авганистан 1998, СР Југославија 1999, Авганистан 2001, Ирак 2003,  Пакистан 2007, Самалија 2007,Јемен 2009,Либија и Египет 2011, Сирија 2014 година. Значи за овие држави не вжеше меѓународнот право кога се урива и плачка. Западот ќутеше и не се повикуваше на меѓународнот право.

Сад со својата политика со преврти и донесување на власт квинслишки влади ( послушни кучиња) до сега има направено преврти во 70 земји и тоа : Албанија, Авганистан, Аргентина, Анголија, Босна и Херцеговина, Боливија, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Германија, Грција, Гренада, Гвама, Гватемала, Гамбија, Доминиканската република, Египет, Ел Салвадор, Индонезија, Иран, Ирак, Јужна Докота, Јемен, Југославија, Кореја, Кувајт, Комбоџа, Кина,Колумбија, Колардо, Конго, Куба Лаос, Либан, Либија, Либерија, Македонија, Мексико,Никарагва, Оман, Пакистан, Панама, Порторико, Русија, Самоа, Саудиска Арабија, Самолија, Судан, Сирија, Србија, СССР, Турција,Уругавај, Украина, Филипини, Хаити, Хаваи, Хондурас, Хрватска, Црна Гора, Чиле.

Тоа е слободата и демократијата која ни се продаваше триесет години.

Јас не сум ниту русофил, ниту пак обожавател на Путин, но сакам да бидам правичен. Џо Бајден и западниве евроатлантисти нека ми набројат список на војни кои ги направила Русија во текот на последниве 50 тина години или преврти во нормални и суверени држави.

За крај повторно да го цитирам Кенискиот дипломат  и неговата изјава во генералното собрание на обединети нации во која ни кажа од каде и од кого потекнува сето денешено зло кое го најде современото човештво : „  Вие ги нацртавте границите и не поделивте без никаков обзир  за античките народи што живееат таму.“  Кој знае да чита ќе го најде виновникот без да го именувам по стоти пат, а тоа е колонијализамот на западна европа.

Мишко Македонски Ливрински

Related posts

Leave a Comment