Политика

Мишко Ливрински : НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОЛИТИКА НА ПРОСТОРОТ

 

Свое времено Наполеон Бонапарта ја има кажано изреката “Политиката на државата се наоѓа во нивната географија.“ Веќе многупати како досега сме констатирале дека политиката треба со години наназад да се планира. Грешката на македонската политика и македонските политичари е што не ја користат географската позиција која ја има Македонија и својата политика врз таа основа да ја градат за нејзин развој и опстанок на меѓународната политичка сцена.

Географската позиција на одредена држава секогаш била значајна за градење на одредена политика. Па така уште од античко време авторите  се занимавале со неа, Херодот, Аристотел, во новото време Жан Боден и Монтескје придавале големо значење на географската позиција на одредена држава во градење на нејзината политика. Тоа довело до развој на нова научна дисциплина Политичка географија ( Уште позната како геополитика).
Македонија во геополитиката има значајна позиција. Македонија како и балканот се наоѓат на географска позиција на граница помеѓу западот и истокот, преку неа западот се поврзува со истокот, истокот се поврзува со западот. Македонија се наоѓа на граница помеѓу Европа и Азија и на тој начин преставува мала врата за влез на Европа во Азија и обратно на Азија во Европа, преку неа како и преку Балканот Европа може да се поврзе не само со Азија ами и со Африка, преку Егејот и Средоземјето. Македонија и Балканот се место каде што се судират три тектонски плочи, европската, азиската и африканската плоча. Сето ова укажува за значењето на местоположбата  на Македонија во геополитичката сфера.
Токму ова местоположба ги правеле Македонија и Балканот  место за арена, односно борба на големите сили и империи. Што мислите дека во текот на историјата интересот на големите сили за Балканот и Македонија  бил поради пиперките и краставиците или поради убавите девојки? Не! Поради значајната геостратешка и геополитичка позиција која тој ја има. Дури и Кина која се наоѓа на далечниот исток има интерес за Балканот, се разбира тој и преставува порта за влез на западот, Кина за да влезе на западот мора да пројде низ портата помеѓу Европа и Азија, а тоа е Балканот.
Имено, Балканот преставува уште Балкански крстопат каде што големите сили вршат свое влијание и притисок. Преку северозапад Германија врши свое влијание, од исток свој притисок и влијание врши Русија, од југоисток преку Туриција свое влијание вршат муслиманските земји, Преку југ, односно преку Грција и Албанија свое влијание вршат милитантните земји Франција, Велика Британија и САД. Се работи за тоа кој да ја владее малата порта на Европа. Колку е поголем притисокот на големите сили толку е поголем хаосот на Балканот и поголем лом настанува помеѓу Балканските народи. Сето ова ни покажува дека единствено решение за балканските народи е големите сили да го напуштат Балканот, Балканот да почне да се гради како независно место во согласност со неговата геополитичка положба.
Постои уште една работа кога сме за геостратешката положба на Балканот. Американската геополиитчка школа смета дека Европа и Азија заедно прават  едно големо острово од таму е изведена теоријата за големиот остров и теоријата за срцето на островот. Според ова теорија кој го владее срцето на островот  тој господари и владе со островот, а кој господари со островот тој владе со светот. Логички е кога ќе се погледнат Европа и Азија како остров да се увиди и нејзиниот срце, односно средина, а таа започнува од Балканот и се шири на север од Балканот се до Полска. Балканот и источна европа го прават срцето на островот во кои влегува и Македонија.
Грешката на нашата политика и нашата научна мисла е што не ја увиде ваквата геостратешка позиција и не изгради политика во согласност со неа. Држава со ваква геостратешка позиција  не може да биде орентирана само на запад  или само на исток, таа мора да колабира помеѓу исток и запад, да се има неутрален статус.
Неутралниот статус е најдобар за Македонија, тој ќе и овозможи заштита од големите грабливци, империи и од запад и од исток, ќе и обезбеди воена неутралност, неутралноста ќе и обедзбеди и економски бенефит, бидејќи самата политичка и воена неутралност за големите компании и фирми ќе биде знак за сигурно инвестирање. Неутралноста не подразбира изолација како што многумина велат, туку напротив неутралноста значи вистинска слобода да не бидеш врзан за некого, да не зависиш од некој, тоа значи потполна независност.
Империите се исти и секогаш биле исти, без оглед дали се работи за американска, британска, руска, австро-унгарска, римска империја. Методата им е секогаш иста, да најдат будали од кои ќе имаат корист а од кога ќе ги искористат за сопствените цели, ги пуштаат низ вода.
Во денешни услови кога западот и истокот војуват единствена заштита ние неутралниот статус. Војната помеѓу САД и Русија нема да се води во Москва и Вашингтон, таму нема да паѓаат бомби, туку на туѓи територии,ќе гинат туѓи народи. Кога големите сили ја играт играта за прераспределба на моќта во светот, малите држави и народи страдаат. Тоа е уште една причина за неутрален статус на Македонија. Што се однесува до мене како антиимперијалист од секаков вид, од оној од најслаб вид руски и кинески, до највисокиот американскиот, слободно американците и русите нека се испотепаат, не навивам ниту за едните ниту за другите, само да не не користат нас во нивните војни, мене и мојата фамилија и моето потомство.
 
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Image

Related posts

Leave a Comment