Свет

Младите мажи во Израел добиле миокардитис по вакцината Фајзер

ТЕЛ АВИВ – Израелското Министерство за здравство објави во вторникот дека открило помал број на воспаленија на срцевиот мускул кај помлади мажи кои ја примиле вакцината од компанијата Фајзер Бионтек.

Фајзер изјави дека не забележал поголем број случаи на миокардитис, што би се очекувало кај поголем дел од популацијата.

Во Израел, откриени се 275 случаи на миокардитис помеѓу декември и мај, меѓу пет милиони вакцинирани лица, соопшти Министерството по направената студија за испитување на ова прашање, пренесе Танјуг.

Повеќето пациенти кои имале миокардитис не поминале повеќе од четири дена во болница и 95% од случаите биле класифицирани како лесни.

Студијата открила дека „постои веројатна врска помеѓу приемот на втора доза вакцина Пфајзер и појавата на миокардитис кај мажи на возраст меѓу 16 и 30 години“, се вели во соопштението.

Според наодите од студијата, таквата врска е забележана повеќе кај мажите на возраст меѓу 16 и 19 години, отколку во другите групи.

Од Фајзер изјавија дека се свесни за израелското откритие на миокардитис, но додадоа дека не е откриена врска со нивната вакцина.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) минатиот месец предложија понатамошна студија за врската помеѓу миокардитисот и вакцините против МРН (Модерна и Фајзер)

Системите за следење на ЦДЦ не пронајдоа повеќе случаи отколку што би можеле да се најдат кај општата популација, но советодавното тело препорача здравствените центри да бидат свесни за извештаите за потенцијалните негативни ефекти.

Во пресрет на очекуваната одлука за започнување на вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години во Израел, Министерството за здравство издаде соопштение во кое нема препораки, но се наведува дека тим експерти ја испитуваат ситуацијата со цел да дадат препорака на министерот.

Израелските медиуми објавија дека програмата за вакцинација за деца може да започне во недела.

Related posts

Leave a Comment