Македонија

ММДЧП – Со нелеганиот Преспански договор, на Македонците од Егејска Македонија (анектирани од Грција во 1913 година) им е забрането да постојат

 

Со нелеганиот Преспански договор, на Македонците од Егејска Македонија (анектирани од Грција во 1913 година) им е забрането да постојат

(27 Јули, 2019) – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и западните држави ја принудија Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а сите Македонци ги тераат да си го сменат идентитетот во „Северномакедонци“. Во тек е принудно менување на македонската историја – вклучително и печатење на нови учебници и наставни програми – сето тоа со цел да и се задоволат барањата на Грција. Промените на нашата историја мора да бидат „одобрени“ од Грција, земја во која отворено се слави бришењето на Македонците. Сето тоа во рамките на анти-македонскиот, про-западен „Преспански договор“.

Македонците ученици веќе нема да учат дека македонските херои биле Македонци. Ќе им биде кажано дека тие се „бугарски“. Ќе бидат учени дека древните Македонци биле „Грци“. Двете тврдења се и смешни и трагични. Нема да смее да се учи за поделбата на македонската територија во 1913 година меѓу Србија, Бугарија. Грција, а подоцна и Албанија. Сите овие земји вршеа кампањи за етничко чистење на оригиналното македонско население. Името Македонија се негираше и брутално се бришеше. Особено во Грција, која го забрануваше името #Македонија, и дури од неодамна отпочна кампања со која инсистира дека името е нивно.

Но зошто? Грчките водачи признаваат дека овој шокантен пресврт во нивната пропаганда беше организиран за полесно да се негира вистината за систематското прогонување на македонското малцинство на грчка територија. Идејата е дека, ако угнетувачот го контролира името на угнетуваниот, може да го негира угнетувањето. А Западот безгласно го прифаќа овој план.
Кој е интересот на Западот што го овозможува културолошкиот геноцид што го врши Грција? Грција најави дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО се додека не го смениме името. Западот одбра да ги следи своите империјалистички интереси и да го прошири НАТО, а со тоа да го дозволи грчкиот културолошки геноцид – на сметка на една цела етничка група – на Македонците.

Погледнете го ова видео :

video
play-rounded-fill

Ова е македонскиот илинденски фестивал во Овчарани, Егејска Македонија, каде илјадници Македонци се собираат секоја година да ја прославуваат својата македонска култура и историја. Но, според членот 7(2) од илегалниот „Преспански договор“, на овие Македонци не им е дозволено да постојат, додека изразите „Македонија“ и „Македонци“ стануваат сопственост на Грција. Македонците претрпеа повеќе од еден век угнетување од страна на Грција, само затоа што се Македонци, и според грчките закони им е забрането да се декларираат како Македонци. Сега, со „Преспанскиот договор“, кој беше наметнат од Западот, грчкиот анти-македонски расизам беше официјализиран.

Понатаму, Западот ја игнорира следната ужасна иронија – Грција, по анектирањето на Егејска Македонија, ги смени имињата на сите македонски жители, на македонските села и градови, и ги преименува во грчки. Но, ако Македонија навистина „отсекогаш била грчка“, тогаш и овие имиња бездруго веќе ќе беа грчки. До 1913 година целата Македонија беше под петвековното сурово турско ропство, но сепак сите македонски имиња си останаа МАКЕДОНСКИ.

Но, Западот го прифати грчкиот аргумент дека нивното право врз Македонија е „старо“ додека македонското право на МАКЕДОНИЈА е „ново“. Со тоа ја видовме целосната дволичност на Западот.

Ве прашуваме, сите вас на Западот, што ќе сторевте ако ова истото се случуваше со вашата етничка заедница? Македонците БАРААТ поддршка од вас за да ставиме крај на анти-македонските обиди за менување на нашето име и идентитет. Ако молчите, поддржувате расизам и геноцид врз една цела култура.

Ве повикуваме и вас, Македонците. Реагирајте веднаш. Немојте само да го критикувате преименувањето. БАРАЈТЕ тоа да се поништи. БАРАЈТЕ поддршка насекаде. Контактирајте со ММДЧП и ДЕЈСТВУВАЈТЕ ВЕДНАШ – http://mhrmi.org/act-now

Помогнете ни да го спречиме менувањето на името и поддржете ги нашите безбројни проекти за заштита на човековите права во сите делови на распарчената Македонија – http://mhrmi.org/donations

НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Да го одбраниме.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е организација која е активна во одбрана на човековите и националните права на Македонците и на другите угнетувани народи од 1986 година. За повеќе информации – 1-416-850-7125, [email protected]www.mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmiinstagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија

http://mhrmi.org/…/according-to-the-illegal-prespa-agreemen…

Related posts

Leave a Comment