Соопштенија

МОЕТО ИМЕ Е ВИКТОРИЈА ТОШЕВСКИ. ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ГО СПАСИМЕ ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА.

Our Name Is Macedonia

Драги Македонци, Моето име е Викторија Тошевски, и јас сум директор за односи со јавноста на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права.

Ви пишувам за да ја побарам вашата поддршка. Македонија и ние Македонците сме соочени со најголемата закана за нашиот идентитет – и нашето постоење како Македонци – во современата историја. Нашето име беше сменето со сила, нашиот идентитет им се дава на нашите угнетувачи, а нашата историја се фалсификува.

Секој минат ден носи нови напади врз Македонците низ сите делови на поделената Македонија, и низ светот. Бугарија непрекинато го потиснува македонскиот идентитет на нејзина територија, а сега се обидува да ги претвори и Македонците во Албанија во „Бугарија“. Грција го користи анти-македонскиот „договор од Преспа“ – со кој официјално се негира постоењето на Македонците низ светот – за да го оправда својот културолошки геноцид против нас. Македонците во Република Македонија се борат против своите сопствени политички партии кои или извршија предавство или не прават ништо за да го спречат тоа. Македонците низ целиот свет водат нерамна борба за правото на нашето име.

Но, со помош на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Македонците се решени дека нема да се предадат и се обединети во одбраната на нашето име и идентитет. ММДЧП е организацијата која финансира, организира и поддржува проекти за заштита на човековите права во одбрана на нашето македонско име и идентитет низ сите делови на поделената Македонија – и тоа го правиме над 30 години. Непоколебливата борба за одбрана на Македонија и Македонците е причината зошто станав член на ММДЧП.

Се среќаваме со меѓународни и македонски водачи, шефови на држави, министри за надворешни работи, дипломати и претставници на Обединетите Нации. Ги едуцираме тие кои не го познаваат македонското прашањето, и лобираме за поддршка на македонската кауза. Ги осудуваме соучесниците во принудното преименување на Македонија. Не поддржуваме било каков израз на поддршка за македонското членство во НАТО под наметнатото, анти-македонско име „Северна Македонија“, особено од луѓе кои во исто време глумат дека се згрозени од другите анти-македонски постапки. Членството во било која организација под името „Северна Македонија“ само го поттикнува културолошкиот геноцид врз сите Македонци. Нашите права би требало да бидат заштитени од меѓународните конвенции за човекови права и од владеењето на правото. Бараме еднаквост. Македонците заслужуваат да бидат еднакви.

Ве повикувам да ни се придружите. Не сакаме нашите деца да не прашуваат зошто ги нарекуваат „Северномакедонци“ од „Северна Македонија“. Не сакаме да учат во училиште дека „Македонија и припаѓа на Грција“. Не сакаме да им се негира правото да се нарекуваа Македонци. Тоа веќе почна да се случува, дури и тука, во Канада.

Потребна ни е вашата помош. Македонија и Македонците се соочени со криза која го загрозува нашето постоење како етничка група. Придружете ни се. Преземете акција. Ве молам, посетете ја страницата mhrmi.org/donations уште денес и донирајте. Нашето име е Македонија. Помогнете ни да го спасиме.

Со почит,

Викторија

Related posts

Leave a Comment