Русија и САД ја разгледуваат можноста за соработка во врска со пандемијата на коронавирус, изјави Сергеј Рјабков, рускиот заменик министер за надворешни работи, за ТАСС.
Москва и Вашингтон наскоро би можеле да започнат со меѓусебна соработка и поддршка со цел борба против коронавирусот, а во тек се разговори по овие теми.
„Прашања за помош и соработка во рамките на специјалните агенции од оваа област се на агендата на нашиот дијалог“, рече Рјабков.