Рускиот претседател Владимир Путин му помогна на семејството на момчето кое сонуваше за гитара да го реши станбеното прашање во рамки на кампањата „Елка на желбите“.
Марк Кобљенјев, 14-годишник од московскиот регион, сакал да добие гитара за Нова година, но претседателот во разговор со неговата мајка Надежда дознал дека двајцата живеат со пријатели во семејство со неколку деца. .
Путин ветил дека ќе разговара со шефот на регионот за да им помогне на момчето и неговата мајка, како и на оние кои им обезбедиле засолниште, пишува РИА Новости.
Претседателот денеска ги повика Марко и Надежда кои се во новиот стан и прво го праша момчето за часови по музика.
„Добивте гитара. Ќе треба да вежбате. Мислев дека ќе биде подобро да имате своја музичка соба“, рече Путин.
Марк ветил дека ќе научи да свири на гитара и дека ќе отпее песна за претседателот.
„За мене? Благодарам. А која?“, се заинтересирал Путин, а момчето одговорило дека тоа ќе биде песната „Висина“ на рускиот уметник Владимир Висоцки.
Акцијата „Елка на желбите“ годинава се одржа од 15 ноември до 15 декември.
Во рамките на оваа акција се исполнуваат желбите на децата со посебни потреби, со пречки во развојот и децата без родители или децата од семејства со ниски приходи.