ХРОНИКА

Момче (16) се бори за живот по тепачка со ножеви во автобус на ЈСП

 

Три лица се хоспитализирани од кои едно сѐ уште е во животна опасност по насилната пресметка што  околу пладне се случи во автобус на ЈСП, број 56, помеѓу две групи малолетници за кои очевидци претпоставвуаат дека се од скопски Сарај.

Тешко повредениот е малолетно момче, на возраст од 16 години, кое има повреди од остар предмет и се наоѓа на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица.

Како што соопштија од МВР:

На 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Related posts

Leave a Comment