Свет

Моралес ги замоли папата Франциск, ООН да помогнат во справувањето на Боливија со кризата

 Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, АП Фото / Марко Угарте

Тој претходно повика на дијалог во кој ќе бидат вклучени сите движења на општеството, граѓански организации и политички партии

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, ги повика Католичката црква, Обединетите нации и европските земји да дејствуваат како посредници во дијалогот со неговите противници за решавање на политичката криза во јужноамериканската држава.

“Барам меѓународни организации, како ООН, пријателски европски земји и Католичката црква претставена од братот папата Франциск, да се приклучат во дијалогот за да ја смират нашата сакана Боливија. Насилството претставува закана за животот и социјалниот мир”, напиша тој на Твитер пост.

Моралес порано, повика на дијалог што ќе ги вклучи сите движења во општеството, граѓански организации и политички партии.

Претседателските избори во Боливија се одржаа на 20 октомври. Според Врховниот изборен суд во Боливија, на изборите победи Ево Моралес. Неговиот главен ривал, екс-претседател Карлос Меса, изјави дека не ја признава победата на Моралес во првиот круг. Откако беа објавени резултатите од гласањето, започнаа протестите.

Армијата, опозицијата и синдикатите побараа Моралес да се повлече. На 10 ноември, претседателот ја објави својата оставка, опишувајќи ги овие случувања како државен удар.

Во вторникот Моралес пристигна во Мексико, каде му беше даден политички азил. Во меѓувреме, боливискиот сенатор Џанин Ањез се прогласи за привремен претседател на земјата. Уставниот суд во Боливија го поддржа трансферот на власта.

Related posts

Leave a Comment