Свет

Москва ги истражува акциите на британската армија во Украина

SAS in Iraq given 'kill list' of 200 British jihadis to take out | The  Independent | The Independent

МОСКВА – Истражниот комитет на Русија ќе ги проучува фактите за дејствијата на Специјалната воздушна служба на британската армија (САС) на територијата на Украина, објавено е на Телеграм каналот на Истражниот комитет на Русија.

Британија испратила експерти на САС во Лавов за да им помогнат на украинските специјални служби да организираат диверзии на територијата на Украина, а сите податоци за тоа ќе бидат детално проучени, се наведува во соопштението, пренесува Спутник.

Истражниот комитет на Русија, во рамките на својата надлежност, ќе работи на континуирано откривање на лица вклучени во поддршка на актуелната влада во Киев, диверзантски активности на територијата на Украина и тешки злосторства против цивили и припадници на руските вооружени сили, наведува Спутник.

Related posts

Leave a Comment